Џуда: Обвинението против Тачи и Весели е политички земјотрес

 Дописникот на британскиот „Економист“ за Балканот, Тим Џуда изјави денеска дека веста за обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени менува сè и праша дали средбата во Вашингтон сега однапред е осудена на пропаст.

– Злосторства против човештвото, воени злосторства, вклучително и убиства, присилно исчезнување, прогон и тортура. Се прашувам дали состанокот во Вашингтон сега е осуден на пропаст, напиша Џуда на својот профил на Твитер.

Тој во низа твитови објави и линк до веб-страницата на Специјалното обвинителство, додавајќи дека во соопштение се наведува дека судија во претходна постапка во моментот го разгледува обвинението за да одлучи дали да ги потврди наводите и разговорите за повторените напори на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја „опструираат работата на судот“.

– Да бидам појасен, згрешив. Против Тачи е подигнато обвинение, не е обвинет. Тоа мора да го потврди судија во претходна постапка. Тоа е политички земјотрес, напиша Џуда.

Back to top button
Close