УЕФА ќе го менува форматот во Лигата на шампиони

 УЕФА разгледува неколку варијанти за целосна промена на постојниот систем на натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ).

Информацијата денес ја објави лондонски „The Sun“, повикувајќи се на анонимни извори во седиштето на Европската куќа на фудбалот во Нион.

Идејата, како што наведува британскиот весник, е промените да стапат на сила од сезоната 2024/2025.

Во оптек се неколку варијанти, а УЕФА во моментов разгледува воведување турнирски систем, според кој, 32 екипи во ЛШ би биле сместени во една група со десет кола. Двојките за секое коло би се одредувале со жрепка по принципот на шаховските турнири.

Секоја екипа би играла по пет натпревари на домашен и гостински терен, а фазата на елиминации би била според шемата првопласираниот против 16-ет пласираниот, вториот со 15 -от, третиот со 14-от итн.

Екипите, кои ќе се пласираат од 17. до 32. место би продолжиле во Лигата на Европа.

Back to top button
Close