УЕФА: Финалето на ЛШ во 2027 на стадионот на Атлетико Мадрид

Финалниот натпревар од фудбалската Лига на шампиони во 2027 година ќе се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид, објави денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Стадионот „Метрополитано“ во Мадрид е избран да биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во сезоната 2026/2027, наведе УЕФА.

Финалето е закажано за 5 јуни 2072 година.

Ова ќе биде втор пат финалето на најелитното европско натпреварување да се игра на стадионот Атлетико, по 2019 година, кога Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0.

Шпанската престолнина ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони по шести пат.

Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра на 30 мај идната година на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Back to top button
Close