УЕФА ги објави номинациите за „Тимот на годината“

 УЕФА денеска го објави списокот со номинирани фудбалери во анкетата за избор на најдобрите 11-мина во 2020 година

Гласањето за изборот на тимот на годината ќе трае до 6 јануари следната година преку официјалниот сајт на Европската куќа на фудбалот. 

УЕФА номинираше вкупно 50 фудбалери, од кои најмногу – десет, се од европскиот првак Баерн Минхен. 

По осум играчи во потесниот избор имаат англискиот шампион Ливерпул и францускиот првак ПСЖ. 

На репрезентативен план, најмногу номинации – шест има Германија. 

За прв пат од оваа година УЕФА ќе прогласи и тим на годината во женска конкуренција, а номинирани се 50 фудбалерки.

Back to top button
Close