Угина и ламата во скопската Зоолошка градина, имала туберколоза
Угина лама во скопската Зоолошка градина. Оттаму не откриваат кога се случило ова, а прв за случајот објави Стефан Кирков, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје. Од Зоолошката градина посочуваат дека таа имала туберколоза, болест за која нема лек кај животните. Според нив, била третирана, но не успеале да и го спасат животот.
„Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина лекувавме и терапиравме лама која иако беше направено се од медицински аспект и грижа, за жал угина. Обдукцијата и резултатите (со PCR метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес кој е постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми. Веднаш во соработка и советување со АХВ( Агенција за храна и ветерина), беа направени туберкулински тестови на сите лами и секојдневно ја следиме нивната ситуација и се под медицински надзор. Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка“, напишаа кусо од ЗОО-Скопје.
Оваа болест е исклучително ретка кај ламите, а лекувањето не е успешно.
Претходно, угина мајмун од расата патас и берберски овци