Угината крава втор ден стои на пат близу училиште во Крива Паланка, до вчера ја чувала и полиција

Јулијана Ѓорѓиевска, ќерка на сопственикот на кравите во Крива Паланка, во изјава за „Скопје1“ тврди дека една од нивните крави, удрена на 25-ти, веќе трет ден лежи угината на пат во центарот на селото, на само неколку десетици метри од основно училиште.

Според неа, локацијата е фреквентна и секојдневно таму се движат деца – за време на одморите, по завршување на наставата и до блиската продавница.

 

— реклама —

 

„Постои реална опасност децата да дојдат во контакт со мршата, која може да претставува здравствен ризик. Станува збор за угинато животно кое со денови е изложено на отворено“, вели Ѓорѓиевска.

Таа додава дека до вчера вечер полицијата ја обезбедувала локацијата, но утринава немало присутни службени лица.

Повеќе

Back to top button
Close