Угостител од Тетово ќе добие кривична пријава за непостапување по здравствени прописи

Полицијата вчера во Тетово открила дека угостителски објект работи вон дозволеното време за време на епидемија. Локалот времено е затворен, а сопственикот задржан во полициска станица.

-Вчера околу 18 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец Д.П, чиј угостителски објект на улица „133“ во Тетово работел по дозволеното време и во објектот престојувале гости. Д.П. бил задржан во Полициската станица Тетово, објектот е времено затворен. По расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поради непочитување на другите мерки за спречување на ширење на коронавирусот казнети се 36 лица за неносење маски во тетовскиот регион во текот на изминатото деноноќие.

Back to top button
Close