УХМР: Денеска ќе дува засилен ветер, наместа со брзина од 70 километри на час
Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека во текот на денешниот ден во големиот дел од државата ќе дува засилен ветер, наместа со брзина од 70 километри на час.
Засилен ветер ќе дува во источниот дел од земјата, и во југозападниот, додека во Скопје и околината ќе дува со нешто помал интензитет.
Ветерот ќе доаѓа од западен правец, соопштува УХМР