УХМР: Можни интензивни врнежи, претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

УХМР соопшти дека во вечерните часови и во текот на ноќта локално на некои места, посебно во западните делови, се очекуваат краткотрајни интензивни врнежи од дожд кои можат да предизвикаат локално зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и локални проблеми во одредени делови од населените места.

Поради тоа, Управата предупредува на внимателност при движењето покрај помалите реки и суводолиците, но и во урбаните средини каде се можни интензивни врнежи.

-Предупредуваме за претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, посебно во
западните делови, како и во деловите од градските урбани средини каде се можни интензивни врнежи од дожд во текот на доцните вечерни часови и за време на ноќта, наведува УХМР.

Back to top button
Close