УХМР најавува драстична промена: Снег на планините и пад на температурите

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Back to top button
Close