УХМР: Од среда следува променливо облачно време со сончеви периоди и пороен дожд
Од УХМР информираат дека од среда следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди.
Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе опаднат за неколку степени