УХМР: Следува период на сончево и топло време, дневната температура в сабота до 37 степени
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Како што соопшти УХМР, максималните дневни температури ќе бидат од 33 степени утре (понеделник) до 37 степени в сабота (7 јуни)
Во Скопје утре температурата ќе биде од 13 до 33 степени.
-Кон крајот на седмицата ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.