УХМР со најнова прогноза: Се очекуваат интензивни врнежи и силен ветер

Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи особено на југоистокот. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени, соопшти УХМР.

Од утре попладне и потоа преку ноќта, под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, особено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска.

Back to top button
Close