УХМР со утрински мерења: Најстудено во Берово -10, на Шапка има 36 сантиметри снег, во Маврово 13 см.

Најстудено утрово е во Берово со -10 степени и во Скопје и во Битола со -8 степени. Во Крива Паланка, во Демир Капија и во Струмица се измерени -7 степени, во Тетово, во Прилеп, во Штип и во Куманово -6 степени, итн.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 36 сантиметри, во Маврово 13 сантиметри, а во Крушево 7 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветар. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Back to top button
Close