УХМР: Утре на места зголемена облачност и услови за слаб дожд

 

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд.

Потоа, како што велат од УХМР, продолжува периодот на стабилно време со релативно високи температури.

По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност, па во овие места дневната температура ќе биде пониска.

Back to top button
Close