Њукасл следна дестинација на Кутињо?

– Екипата на Њукасл ги започна преговорите за трансфер на играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул моментно е на позајмица во Баерн Минхен, но Баварците немаат намера да го земат трајно по завршувањето на сезоната.

Кутињо повеќе не е сакан од каталонските гиганти, откако не успеа да ги исполни очекувањата на „Камп Ноу“ по неговиот мултимилионски трансфер во јануари 2018 година. Тотенхем покажа интерес за бразилскиот плејмејкер и дури беа блиску да го привлечат пред тој да заврши на „Алијанц арената“ минатото лето.

Карло Анчелоти е исто така обожавател на играчот и би сакал да го врати Кутињо во Мерсисајд, а Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи размислуваат за ангажирање на играчот.

Најверојатната идна дестинација за Бразилецот, сепак, е Њукасл. Трансферот на 27-годишниот играч на „Сент Џејмс Парк“ сепак, зависи од продажбата на клубот на принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Ако тој даде зелено светло, Кутињо најверојатно ќе заврши во тимот, како дел од плановите за скапа селекција. Меѓутоа, ако договорот за продажба на Њукасл не успее, Кутињо би можел повторно да остане во Барселона, а Каталонците ќе имаат исклучително скап играч, кој ќе ја грее клупата.

Back to top button
Close