Указите што ги потпишав не се однесуваат на Договорот со Бехтел и Енка, вели Пендаровски

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој тврди дека потпишаните укази се однесуваат исклучиво на содржината на петте закони кои беа усвоени во Собранието и не се однесуваат на договорот меѓу Владата и Бехтел-Енка.

-Пред пакетот закони воопшто да влезе во Парламентот предупредив на можноста во измените на Законот за работни односи да стои одредба за 60-часовна работна недела и во таков случај сигурно немаше да го потпишам указот затоа што минатата година Уставниот суд веќе ја прогласи за неуставна таа одредба во тогашните измени на истиот закон.
Значи, главната причина да го потпишам Указот беше тоа што во Законот кој беше усвоен во Парламентот не постои одредба за 60-часовна работна недела. При тоа, да појаснам дека указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и Бехтел-Енка, ниту пак се однесуваат на составот на Надзорниот одбор кој треба да ја надгледува изградбата на автопатите околу чија што структура се појавија неколку издржани критики во јавноста

Иако тоа не ме прашавте, сакам да одговорам и на еден друг аспект кој беше присутен во јавноста, дека со потпишување на указите, наводно сум сакал да добијам политичка поддршка од владејачката коалиција за втор претседателски мандат.

Да повторам уште еднаш за оние кои намерно или ненамерно шпекулираа: потпишаните укази се однесуваат исклучиво на содржината на петте закони кои беа усвоени во Собранието и тој чин нема апсолутно никаква врска со ниту едно друго политичко или правно прашање, вели Пендаровски.

Back to top button
Close