УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети во светот
Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје не е дел од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2025 година, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

Според листата, петте најдобро рангирани универзитети во светот, се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од Соединетите Американски Држави, Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија.
Универзитетот во Белград пак, е позициониран на 387-то место на табелата. На веб-страницата на CWUR е наведено дека Универзитетот во Белград е меѓу 1,9 проценти од најдобро рангираните високообразовни институции во светот.
Според критериумите на Центарот за рангирање, клучните елементи за рангирање на универзитетите според листата се квалитетот на образованието (25 проценти), вработувањето на поранешните студенти, квалитетот на наставниот кадар, истражувачките перформанси, научните трудови, висококвалитетните публикации, влијанието и цитатите.
CWUR е консултантска организација која од 2012 година објавува ранг-листа од 2.000 најдобри глобални универзитети од 2012 година.