Укинат полицискиот час во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио денеска го укина полицискиот час во градот, еден ден порано од планираното.

Тој исто така најави дека од утре во градот почнува првата фаза од повторното отворање, по рестриктивните мерки воведени со цел сузбивање на епидемијата на коронавирусот.

Полицискиот час беше воведен поради насилства, грабежи и оштетување на имот за време на протестите поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close