Укинати забраните за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар и превоите Стража и Пресека

Според утринскиот извештај на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози

Утрово во 7:00 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, која беше воведена синоќа поради врнежи од снег, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) повикувајќи се на известување од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Во моментот, велат од ЦУК, сите забрани за сообраќај на тешки товарни возила се укинати.

Според утринскиот извештај на Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) рано утрово во 4:40 часот се укинати забраните за движење тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози“велат од АМСМ.

Оттаму до возачите препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Поради врнежи од снег вчера вечер во 22.15 часот од превентивни причини забрана за сообраќај на тешки товарни возиал беше воведена на на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Половина час подоцна, односно во 22:45 часот синоќа, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта извести дека од истите причини забрана за ваков тип возила е воведена и патниот правец крак Маврово – Дебар.

 

Back to top button
Close