Украден е бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во скопски Чаир

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) вчера попладне во полиција пријавила дека е одземен бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во скопски Чаир.

 

 

Црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир

Според пријавеното, кражбата се случила во периодот од февруари годинава до денот на пријавата, а сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150 000 денари.

 

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close