Украден сеф со пари од филијала на фирма во Бит Пазар

Непознат сторител провалил во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар и со употреба на сила и алат одзел сеф со пари. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 29/30.10.2025 во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и алат одзело сеф со пари. Се преземат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР. објави Скопје1.мк
 
					





