Украдена елка и украдени и оштетени украси на плоштадот „Македонија“

Засега нема официјални информации од Град Скопје или од полицијата дали случајот е пријавен и дали ќе се покрене истрага за утврдување на одговорноста за вандализмот и кражбата објави порталот експрес.мк

Само една недела по поставувањето и свеченото палење на новогодишната декорација на плоштадот „Македонија“ во Скопје (на 15 декември 2025 година), дел од украсите веќе се оштетени и украдени.

Од плоштадот е украдена една помала новогодишна елка, додека целосно е уништена макетата во форма на адвент-календар, која беше поставена како дел од празничното уредување на централното градско подрачје.

Повеќе ТУКА

Back to top button
Close