Украдени 11 велосипеди на Тур де Франс, еден чини околу 13.000 евра

На францускиот тим Кофидис им беа украдени 11 велосипеди од камион пред втората етапа од Тур де Франс, објави тимот.

Велосипедите беа украдени од камион паркиран на околу 150 метри од хотелот во Бонд, веднаш до аеродромот во Лил каде што престојуваше тимот.

„Вратата на камионот беше скршена и 11 велосипеди беа украдени и покрај безбедносните мерки што беа преземени“, се вели во соопштението на тимот.

Секој велосипед чинеше околу 13 илјади евра, така што вкупната штета е повеќе од 140 илјади евра.

„Полицијата дојде во хотелот наутро за да спроведе истрага и да започне истрага. Тимот на Кофидис остро го осудува овој чин и ги повикува сторителите на граѓанска свест и одговорност“, додадоа тие во соопштението.

Кофидис успеа да најде доволно велосипеди за да ја започне втората етапа, делница од 209 километри од Ловен-Планк до Булоњ-сур-Мер

Back to top button
Close