Украдени акумулатори што го напојувале скопскиот аеродром

Украдени четири акумулатори од државната компанија за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај М-НАВ. Акумулаторите служеле за напојување на слетна точка на скопскиот аеродром.

Кражбата се случила во објект во сопственост на М-НАВ лоциран во село Катланово кај местото викано „Фазанерија“.

Како што информира полицијата во текот на вчерашниот ден (3 август) околу 16:20 часот непознато лице насилно ја отворило вратата од објектот и ги одзело четирите акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close