Украдени кабли на „Македонски железници“, доведена во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје

Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај.

Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close