Украдени се уште три бронзени бисти од гробиштата во Бутел
МВР информира дека вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 овој месец на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти.

Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во периодот од месец април 2025 до 23 овој месец на градските гробишта Бутел од гробно место била одземена една бронзена биста.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите






