Украденото возило на АРМ од пред еден месец пронајдено на паркинг
Возило на АРМ кое беше украдено од автосервис во Гази Баба пред еден месец е пронајдено на паркинг во Кисела Вода.
„Вчера во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот