Украина најавува засилени напади врз воени цели длабоко во Русија

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-потполковник Олександр Сирски, најави засилени напади врз воени цели длабоко во Русија.

На 1 јуни, Украина бомбардираше неколку руски аеродроми, дури и илјадници километри од границата, откако шверцуваше експлозивни дронови во Русија.

Киев во тоа време изјави дека нападот, во кој беа уништени десетици авиони, е одмазда за речиси секојдневните напади на руските воздухопловни сили врз градовите во Украина.

Сирски им рече на новинарите дека ваквите напади ќе продолжат.

-Секако, ќе продолжиме. Ќе го зголемиме обемот и длабочината на нивните напади на руска територија и посочи дека Киев ќе напаѓа само воени цели.

Дипломатските напори за ставање крај на војната предизвикана од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година се во застој. Последниот состанок меѓу двете страни се одржа пред речиси три недели, а не е објавен нов.

Киев верува дека Москва го саботира мировниот договор за да заземе повеќе украинска територија.

Back to top button
Close