Украина набави 117.000 вакцини од Фајзер, најавени и од Астра Зенека

Украина ќе добие 117.000 вакцина од „Фајзер/Бионтек“ во февруари во рамките на програмата Ковакс, потврди Виктор Лажко, заменик министер за здравство.

Лажко исто така најави дека Украина ќе добие меѓу 2,2 и 3,7 милиони вакцини од „АстраЗенека“ во првата половина на 2021 година.

Тој  изјави дека вакцината од „Фајзер/Бионтек“ веднаш ќе им биде дистрибуирана на вработените во болниците.

Украина сè уште нема регистрирано никакви вакцини, но оваа недела ја забрани за употреба руската вакцина „Спутник V“.

Минатата недела претседателот Володимир Зеленски вети дека Украина ќе купи еден милион вакцини во февруари, но не именуваше од кој производител.

Back to top button
Close