Украина отвора пристапни преговори со ЕУ

Украина и Молдавија ќе ги отворат в понеделник преговорите во Луксембург во првиот преговарачки кластер поврзан со основните права и правдата, а Црна Гора ќе ги затвори преговорите во две поглавја, објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Европската Унија направи голем чекор напред. Сите земји-членки се согласија да се отвори првиот кластер за преговори за пристапување со Украина и Молдавија“, рече Кошта.

Првиот кластер за преговори вклучува пет поглавја: поглавје 5 Јавни набавки, поглавје 18 Статистика, поглавје 23 Правда и основни права и поглавје 24 Правда, слобода и безбедност. Овие поглавја се ‘рбетот на процесот на пристапување и се првите што се отвораат, а последните што се затвораат.

Првиот кластер ги опфаќа основните вредности и принципи врз кои е изградена ЕУ, од владеењето на правото до силните демократски институции.

Исто така, в понеделник, во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција за пристапување со Црна Гора, каде што земјата ќе ги затвори преговорите за Поглавје 2 Слобода на движење на работници и Поглавје 28 Заштита на потрошувачите и здравјето.

Црна Гора напредуваше најмногу во процесот на пристапување и досега затвори 14 поглавја од преговорите, а до крајот на годината има намера да ги затвори сите преостанати.

Back to top button
Close