Украина планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат дома
Украина сака да ги зголеми напорите да ги убеди бегалците во Германија да се вратат, а украинската влада планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат во Украина, изјави денеска украинскиот вицепремиер, Олексеј Чернишов.
-Голем број бегалци во Германија сериозно планираат да се вратат во Украина и ние мора да им помогнеме во тоа, изјави Олексеј Чернишов за германските медиуми.
Чернишов, кој го предводи новоформираното Министерство за враќање на бегалците, минатата недела беше во Берлин подготвувајќи се да изгради центри каде што украинските бегалци во Германија би можеле да добијат совети и помош при враќањето во Украина.
Тој објасни дека Украина страда од недостиг од војници, како и од работна сила во важни сектори. „Ситуацијата е особено критична во енергетскиот сектор, воената индустрија и градежништвото“, рече Чернишов.
Тој им рече на регрутите дека ќе бидат ослободени од воена служба доколку се стават на располагање на еден од секторите со дефицит. „Секој што работи во електраната нема да биде регрутиран. Тоа е загарантирано“, изјави украинскиот вицепремиер.
Според него, центрите ќе даваат поддршка и за оние кои не сакаат да се вратат во Украина, а се невработени во Германија.
Од почетокот на руската агресија врз оваа земја во Германија пристигнале 1,1 милион бегалци од Украина.
Неодамна во Германија се засили дебатата за нивниот статус. Водечката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ постојано бараше да се намали државната помош за украинските бегалци