Украина по пресврт до првите три бода на УЕФА ЕУРО 2024

– Украина ја победи Словачка со 2:1 во нивниот втор натпревар од групната фаза на ЕП 2024 за да ги задржи живи шансите за пласман во следната фаза.

„Жолто-сините“, кои го загубија првиот меч катастрофално со 0:3 од Романија, мораа да направат целосен пресврт со головите на Микола Шапаренко (54′) и Роман Јаремчук (80′) во вториот дел, откако претходно Иван Шранц ги доведе Словаците во резултатска предност.

Така Романија, Украина и Словачка сега имаат по три бода во група „Е“, а фаворитот во неа Белгија е на дното.

Утре од 21 часот Романците се соочуваат со „црвените ѓаволи“ во вториот натпревар за двете селекции од програмата на европските завршници

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close