Украина почна со масовно производство на дронови пресретнувачи

Украина почна масовно производство на дронови пресретнувачи за да ја зајакне својата воздушна одбрана, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Првите три производители веќе започнале со работа, а уште 11 се подготвуваат да почнат со производствени линии. Дроновите се базираат на технологија развиена во Украина наречена „октопод“.
Украинската армија соопшти дека технологијата за пресретнување на дроновите „Шахед“ била тестирана на бојното поле и се покажала како ефикасна и во ноќни услови и на мали височини.
Претходно, претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина поставила цел да произведува до 1.000 дронови дневно.
Русија инвестира многу во развој и производство на дронови со долг дострел и постојано го зголемува бројот на беспилотни летала што се користат во нападите врз Украина.
Дроновите пресретнувачи, од кои секое чини неколку илјади долари, се важни за Украина, бидејќи ќе може да ги зачува своите поскапи ракети за одбивање на поинтензивни и смртоносни напади со крстосувачки и балистички ракети.






