Украина: Под урнатини на зграда во Мариупол најдени 200 тела

Работници кои копале во урнатини на станбена зграда во Мариупол пронашле 200 тела, соопштија денеска украинските власти.

Тела во фаза на распаѓање се пронајдени во подрум на урната станбена зграда во Мариупол, разурнат пристаништен град кој стана симбол на страдањето, но и на отпорот, соопштија градските власти.

Мариупол, над кој руските сили неодамна презедоа целосна контрола, е поврзан со некои од најтешките страдања за време на руската војна во Украина.

Градот стана и симбол на отпорот поради украинските борци во железарницата Азовстал

Back to top button
Close