Украина призна: Стоиме зад нападите на Крим

Украина ја презеде одговорноста за нападите на Крим.

Највисокиот воен началник на Украина, Валериј Залужни ја презеде одговорноста за серијата напади врз руските воздушни бази на анектираниот полуостров Крим, вклучително и оној што предизвика пустош во воениот објект Саки минатиот месец, oбјави Ројтерс. Во написот кој беше објавен на државната новинска агенција Укринформ, Залужни, врховен командант на украинската армија, изјави дека нападите се извршени со проектили и ракети. Инаку, украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ги вратат окупираните територии и Крим. Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.

Back to top button
Close