Украина се откажува од членство во НАТО?

Амбасадорот на Украина во Велика Британија, Вадим Пристаико, навести дека е можно Киев да се откаже од својата кандидатура за пристап во НАТО, за да се спречи голем конфликт со Русија.

-Можно е, знаете, особено бидејќи така ни се закануваат, уценувани за тоа и притиснати – вели Пристако, одговарајќи на прашањето дали е можно Украина да се повлече од амбициите за членство во НАТО.

Пристаико додаде дека Украина во моментов не е дел од ниту еден воен сојуз, за разлика од некои други земји што граничат со Русија, истакнувајќи дека Киев ќе мора сам да се соочи со последиците ако некоја криза како сегашнава прерасне во воен конфликт.

-Повторно ќе останеме незаштитени од никого, од ниеден пријател, бидејќи не сме член во алијанса, кога сите, сите наши соседи, веќе се во организацијата – рече дипломатот.

Во меѓувреме, Украина повика на состанок со Русија поради распоредувањето на руски војници до границата со Украина, а германскиот канцелар Олаф Шолц е во посета на Киев и Москва во обид да се смират тензиите, откако претходно во дипломатска офанзива кај НАТО сојузниците беше и британскиот премиер Борис Џонсон.

-Ако Русија е сериозна кога станува збор за безбедноста во областа на ОБСЕ, таа мора да ги исполни барањата за воена транспарентност со цел да ги деескалира тензиите и да ја подобри безбедноста за сите – порача украинскиот министер за надворешни работи Димитриј Кулеба.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close