Украина тврди дека потонал руски патролен брод во близина на Крим


Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека потонал рускиот патролен брод „Сергеј Котов“, за кој утрово беше пријавено дека е уништен од дронови на украинската морнарица во близина на брегот на Крим.

Тврдењето неофицијално беше потврдено во Москва. Прорускиот воен блог „Беларуски силовик“ објави дека бродот е уништен. Со сличен коментар излезе и влијателниот блог „Рибар“, близок до руското Министерство за одбрана.

Минатата есен беше објавено дека од бродот претрпел значителна штета при напад со беспилотни летала.

Back to top button
Close