Украинците соборија руски авион, по што падна на зграда

Гранична станица во украинскиот регион Запорожје е погодена од ракета, а има и човечки жртви, пренесе Ројтерс.

Покрај загинатите граничари, има и неколку ранети. Регионот, како што се вели, нема копнена граница со Русија, туку се наоѓа на брегот на Азовското Море. Нападот се случил во 4:25 часот по локално време.

Истовремено, соопштено е дека украинските сили во петокот во раните утрински часови собориле непријателски авион над Киев, кој потоа удрил во станбена зграда и ја запалил. Станбената зграда наводно има девет ката. Ова го изјави советникот за Ројтерс на министерот за внатрешни работи Антон Херашченко.

Официјален претставник на украинското Министерство за внатрешни работи изјави дека авионот се урнал во киевскиот кварт Дарницки.

Back to top button
Close