Украинската армија демантира дека руските сили го зазеле градот Покровск

Украинската армија денеска ја демантираше Москва дека руските сили го зазеле стратешкиот источен град Покровск.
– Дрскостите на раководството на агресорската земја дека руската армија ги зазела овие места не одговараат на реалноста, се наведува во соопштението на Генералштабот на украинската армија, алудирајќи на градовите Вовчанск и Купјанск.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека руската армија по една година борби го зазела градот Покровск, во Доњецк.






