Украинската СБУ го обвини рускиот заменик премиер за кражба на украинско жито

Службата за безбедност на Украина (СБУ) денеска соопшти дека, заедно со Канцеларијата на генералниот обвинител на земјата, собрала докази против заменик-премиерот на Русија, Дмитриј Патрушев, за кого тврди дека организирал масовна кражба на жито од окупираните региони на Украина.

СБУ во објава на Телеграм соопшти дека, според материјалите од случајот, од почетокот на руските напади на Украина, под координација на рускиот владин функционер, повеќе од четири милиони тони украински житарки биле извезени во Русија, пренесе денеска Униан.

Истрагата утврдила дека станува збор за голема заплена на земјоделски производи од земјоделски претпријатија од страна на Русија, на териториите на Луганската, Доњецката, Запорошката и Херсонската област, наведува СБУ.

Во извештајот се наведува дека Русија потоа ги продала ограбените земјоделски производи преку руската „флота во сенка“ на земји од Блискиот Исток и Северна Африка, како руска стока.

СБУ потсетува дека Дмитриј Патрушев е син на Николај Патрушев, кој четврт век беше на чело прво на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), а потоа и на Советот за безбедност на Руската Федерација, додека сега ја извршува функцијата помошник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Според достапните податоци, токму Патрушев ’постариот‘ лобирал за именување на својот син на местото министер за земјоделство на Русија, а подоцна и за заменик-претседател на руската влада. За да ја организира кражбата на украинското жито, Дмитриј Патрушев ги користел овластувањата кои му биле делегирани како министер за земјоделска политика на земјата агресор“, се наведува во извештајот.

Врз основа на собраните докази, истражителите на СБУ во отсуство поднесоа кривична пријава против Дмитриј Патрушев, поради сомневање за воени злосторства извршени од група лица во претходна завера

Back to top button
Close