Украинската служба за безбедност демантира дека руски хеликоптери слетале во Лавов

Украинската служба за државна безбедност (СБУ) денеска ја демантираше информацијата дека руски хеликоптери слетале во областа на градот Лавов, на западот на Украина.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, претходно изјави дека три руски хеликоптери слетале во близина на градот Броди во западната област на Лавов и дека украинските сили го одбиле нападот.
СБУ соопшти дека информацијата е лажна и дека слетувањето не се случило.

Службата за безбедност наведе дека украинскиот хеликоптер извршил извидувачки лет во таа област.

„Ги молиме жителите да останат мирни“, се вели во соопштението на СБУ објавено на Фејсбук.

Регионалната администрација на Лавов соопшти дека леталото на снимката која е поставена на социјалните мрежи, а на која се гледа како хеликоптер исфрла ракети во областа Лавов, е украинско, а не руско.

Back to top button
Close