Украински пратеник починал во такси

Украинскиот пратеник Антон Полјаков, кој е вмешан во истрага за корупција, починал утринава во такси откако му се слошило, објави полицијата.

Извор од полицијата наведува дека наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта на пратеникот. Полјаков (33) бил независен пратеник откако е избран како член на владејачката партија.

-Полицијата првично утврди дека на Пољаков му се слошило во такси и лекарите на Итната помош се обиделе да го реанимираат, но бил прогласен за починат на лице место, се наведува во соопштението.

Таксистот изјавил дека патникот влегов во неговиот автомобил во близина на центарот на Киев, по што му се слошило, а се жалел и на мачнина. Такси возилото е однесено на детална анализа, а возачот на испрашување.

-Разни документи, мобилни телефони, пари и уште некои вредности се пронајдени и конфискувани, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close