Украински тенисер доживотно суспендиран за местење натпревари
Украинскиот тенисер Станислав Поплавскиј предвреме ја заврши својата кариера, откако доби доживотна суспензија поради местење натпревари.
Како што соопшти денеска Одделот за интегритет на тенисот, Поплавскиј во повеќе наврати бил вмешан во местење натпревари, во периодот од 2015 до 2019 година.
Поплавскиј, чиј најдобар пласман на АТП листата беше 440. место, се произнесе виновен по сите обвиненија, а ќе плати и парична казна во износ од 10.000 долари.