Украинскиот претседател си ја предвиде кариерата, но не и војната

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски кој стана шеф на државата во 2019 година си ја одглуми иднината во филмот „Слуга на народот“, но не ја предвиде воената инвазија која денеска ја почна Русија во источниот дел на земјата.

Роден е во индустрискиот град Криви Рог на југот на земјата во еврејско семејство. Започнал студии по право, но кариерата брзо ја напуштил за да стане актер.

Неговата единствена врска со политиката до пред неколку години била тоа што во ТВ серијата „Слуга на народот“, која се емитуваше од 2015 година, ја играл главната улога- наставник по историја кој станува претседател на државата откако негов ученик тајно го снима додека зборувал против актуелната власт и снимката ја објавува на социјалните мрежи.

Видео клипот станува толку гледан, а наставникот толку популарен што потоа се кандидира на претседателските избори и победува.

Володомир Зеленски во 2018 година во реалниот живот основа политичка партија со исто име како и ТВ серијата „Слуга на народот“. Епилогот е познат за неколку дена тој ќе положи заклетва за претседател.

Досега немал никакво претходно искуство и богатство, а во политичката историја на Украина ќе остане запаметен како кандидат којшто не одржал ниеден митинг. Тоа сепак на избирачите не им сметаше за да му укажат доверба и во првиот круг на претседателските избори освои 30 отсто на гласовите.

Зеленски својата актерска кариера ја започнал во емисијата која била популарна во поранешните републики на Советскиот сојуз. Заедно со уште неколку соработници во 2003 година ја започнал со работа продуцентската куќа „Квартал 95“ која со тек на време станала многу успешна, а сега произведува серии филмови, анимирани содржини и комични емисии.

Низ својата кампања Зеленски се обиде да ги сруши правилата кои постојат за претседателските кампањи, истакнувајќи се себеси како нешто потполно ново и поинакво. Наместо митинзи и политички говори тој се фокусираше на социјалните мрежи со што привлече голем број на млади гласачи.

За време на подготовките, дваесетгодишни доброволци му ја воделе кампањата на Фејсбук, Јутјуб и Инстаграм, а од гласачите барал да дадат својот придонес во идејата за водење на идната политика.

Зеленски исто така успеал да ја добие и поддршката на руското малцинство во Украина. Често во своите обраќања зборувал и на украински и на руски, што било значајно во моментот кога употребата на рускиот јазик во Украина беше контроверзно политичко прашања. Уште една политичка норма којашто Зеленски ја прекрши е давањето на предизборни ветувања и предлози. една од неговите познати реченици е „Нема ветувања, нема разочарувања

Наместо конкретни предлози тој на избирачите им понуди визија за Украина како земја без корупција, сиромаштија и биркократија. Зеленски се залагаше за влез на Украина во ЕУ и НАТо, но смета дека пред тоа треба граѓаните да се изјаснат на референдим.

-Јас не сум политичар, јас сум обичен човек кој е резултат на вашите грешки, изјави Зеленски откако го победи свјот противник Петро Порошенко.

Back to top button
Close