Украинско обвинителство: 604 деца загинаа во Украина од избувнувањето на војната со Русија

Од избувнувањето на војната со Руската Федерација во Украина, загинаа 604 деца. Повикувајќи се на податоци на Државното обвинителство на Украина, украинските медиуми објавија дека 2.421 дете во Украина биле повредени во вооружени конфликти.

– Повеќе од 2.421 дете се повредени во Украина за време на војната со Русија, се вели во извештајот.

 

Најголем број жртви и повредени се забележани во Доњецката област – 633 деца, Харков – 470, Херсон – 202, Днепропетровск – 203, Киев – 136, Запорожје – 170 и Миколаив – 118, а петгодишно девојче беше убиено во руски напад со дрон на 23 март оваа година.

Во селото Марине, Сумиската област, на 22 март 2025 година, 17-годишно девојче и млад човек беа повредени во напад со дрон, додека во Запорожје на 21 март, 17-годишно девојче беше убиено, а 10-месечно бебе беше повредено

Back to top button
Close