Украинското знаме подигнато пред македонското Министерство за одбрана

Утрово пред македонското Министерство за одбрана беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на 2 години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година.

На чинот на подигањето на знамето присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина во земјава – Лариса Дир.

Македонија продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет.

Досега македонската Влада донесе дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош и беше спроведената обука на украинските војници на Криволак.

Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, а тоа беше потврдено од страна на министерката Петровска и на состанокот на Советот НАТО – Украина кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел за време на минатонеделниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на С. Македонија до понеделник, 26 февруари

Back to top button
Close