Укринформ: Бројот на жртви во нападот во Киев се зголеми на 30

Бројот на жртви во масовниот руски напад врз Киев во ноќта меѓу 1 и 2 јули се зголеми на 30, објави денеска Украинската државна служба за вонредни ситуации.

„Пронајдени се уште три тела. Бројот на жртви се искачи на 30“, се наведува во извештајот објавен од Укринформ.

Во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот руските сили извршија масивен напад врз украинскиот главен град при што беа повредени речиси 100 луѓе и беа погодени неколку делови од градот.

Украинската премиерка Јулија Свириденко претходно вчера објави дека во нападот биле погодени повеќе од 20 станбени згради и околу стотина куќи биле оштетени во гранатирањето.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави дека Русија во нападот употребила  речиси 500 беспилотни летала и повеќе од 70 балистички ракети.

Back to top button
Close