Јулијана Тимошенко во тешка состојба – леркарите не можат да ѝ ја спуштат температурата, ставена на респиратор

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко, која поради заразата со коронавирус се наоѓа во сериозна состојба, е приклучена на респиратор, известува “APA” повикувајќи се на “RBC-Ukraine”.

Здравствената состојба на Тимошенко била критична, температурата не е и паѓала под 39 степени, па лекарите одлучиле да ја приклучат на респиратор.

Нејзината ќерка Јевгенија и зетот Артур Чечоткин, исто така се заразени со коронавирус, но тие имаат поблага форма на инфекција.

59-годишната Тимошенко, која два пати била премиерка пред поразот на претседателските избори во 2010-та година, станала првата висока украинска политичарка која добила Ковид-19.

Во Украина оваа седмица дошло до голем раст на бројот на инфекции, со нови 2.329 случаи пријавени во саботата, 1.984 во неделата, 1.802 вчера и 1.658 денеска.

Вкупниот број на инфекции достигнал 108.415, а бројот на починати е 2.318.

Back to top button
Close