Уметникот Доротеј Нешковски наслика мурал на египетски мршојадец во основното училиште „Гоце Делчев“

Локомотива како партнер на проектот ACT (Art Climate Transition/Уметност Клима Промена) ќе учествува во кампањата „Вашите птици, нашите птици“ која се реализира во Марсеј и во земјите членки на мрежата на ACT во Европа. Кампањата обединува 10 организации во културата и уметноста од 10 европски земји кои ќе креираат мурал и програма преку која ќе креираат видливост за одредена ретка птица во регионот во кој делуваат. Овие мурали кои ќе се дел од серија на 10 мурали низ Европа, ќе бидат претставени во септември 2022 година преку активност на мрежата онлајн, но на локациите каде што се изведени.

Во креирањето активноста на локално ниво, Локомотива, Скопје во соработка со Македонското еколошко друштво и уметникот Доротеј Нешовски креираше програма, која ја разви во партнерство со ОУ „Гоце Делчев“, Скопје и општината Центар.

Активностите опфатија реализација на мурал, едукативни работилници и предавања. Уметникот Доротеј Нешовски реализираше мурал на ретката птица египетски мршојадец што се гнезди во централните делови во Северна Македонија, во основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје, а  покрај визуелното претставување, во соработката со Македонското еколошко друштво, и нивниот претставник Ненад Петровски, ќе се реализираат едукативните активности.

Со оглед дека египетскиот мршојадец е единствениот преселен вид мршојадец во Европа како и една од најзагрозените птици на Балканот со интересна приказна за неговата преселба, Ненад Петровски ќе направи предавање за 9то одделение и едно помало претставување за другите ученици од училиштето, по што ќе следи работилница за мурално сликарство, како и работилница на изработување на маски од птици. Односно, учениците ќе продолжат со Доротеј Нешоски да креираат цртежи посветени на биодиверзитетот и ретките птици, на ѕидот на спортската сала од училиштето.

Со овие активности ќе се обележи и 14ти мај Светскиот ден на птиците преселници (World Migratory Bird Day).

  • Повеќе за Македонското Еколошко друштво можете да прочитате на: https://mes.org.mk
  • Повеќе за проектот ACT (ArtClimateTransition) на: https://artclimatetransition.eu/about-us/
  • Повеќе за активноста поврзана со муралот: Во септември 2021 година, партнерот COAL претстави проект за мурал во Марсеј по повод Светскиот конгрес за заштита на IUCN во 2021 година, донесувајќи го проектот Audubon Mural од Соединетите Американски Држави кон Европа. Во Марсеј, за време на Светскиот конгрес за заштита на IUCN во 2021 година (3 – 11 септември) на 5-ти септември, муралот беше претставен на јавноста, со што проектот ACT ја започнува кампања „Вашите птици, нашите птици“ оваа активност ја спроведува со сите ACT-партнери кои ќе реализираат мурал и активности заедно со локалната заедница да направи свој мурал за птици. Со овие активности сакаме да се постигне видливост и дијалог со заедниците за промените во биодиверзитетот. ACT ќе ги собере сите овие приказни за овие 10 мурали во колекција низ Европа, и тие ќе бидат презентирани во септември 2022 година онлајн, но на локациите каде што се изведени.
  • Повеќе за Audubon проектот: https://www.audubon.org/amp

Овие активности исто така, се спроведуваат во синергија со проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ кој се спроведува во 14 држави од Балканот, Блискиот Исток и Африка, финансиран од LIFE програмата на Европската Унија и е еден од најамбициозните проекти за заштита на мршојадци во светот а, како локален партнер се јавува Македонското еколошко друштво.

Повеќе за проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ https://lifeneophron.eu/

*****

Овие активности се дел од ACT – Art Climate Transition, во синергија со проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ и е реализиран во соработка со ОУ „Гоце Делчев“, Македонското Еколошко друштво и општина Центар. Реализацијата е поддржаана од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Северна Македонија.

 

 

Back to top button
Close